Гастрономија

Гастрономија

Врвни специјалитети

Охридска кујна

Гурмански јадења

Морска храна

Врвни готвачи

Оваа година за прв пат општина Охрид заедно со ФТУ-Охрид  и кластерот ЕДЕН со цел продолжување на туристичката сезона  воведува нов настан Taste Ohrid. За таа цел  ангажирани се шестте врвни готвачи: Michelin-Star Chef Giorgio Diana, Chef Radu ZameskuChef George Kostic, Chef Dejan Karapeev, Chef David Sandzakoski, Chef Nikola Angelkoski.

За готвачите

Џорџио Диана е италијански готвач  кој своите гастрономски вештини ги усовршува во хотелот Кенигсхоф во Германија, каде учи од најдобриот Мишелин стар готвач Bobby Bräuer – Restaurant Ca Brunello and Restaurant Acetaia во Германија.

Џорџио има работено во најдобрите  ресторани со  Мишелин звезда како Alta Marea, Restaurant Camelion and Shane’s Restaurant во Минхен. Џорџио Диана  во 2014 и 2015 година е прогласен за најдобар готвач во светот.

Во својата кариера Џорџио Диана работи во најславните хотели во светот каде како главен готвач ги креира менијата и прави комплетна едукација на персоналот.

Дали Ви се верува дека токму овој готвач ќе ни биде гостин во Охрид и ќе ги обучува нашите локални готвачи. Да токму така! И тоа не е се!

На 13 Октомври 2018 година во хотел СУ Џорџио Диана заедно со уште еден славен готвач Раду Зарнеску, по потекло од Романија ќе подготват ГАЛА ВЕЧЕРА со специјално мени каде ќе бидат користени исклучително локални продукти.

И тоа не е се!  Третот шеф кој што го ангажиравме е  Шефот Горге Костич кој што е меѓународен експерт за готварање, водење и брендирање на ресторани и хотели. Тој ќе одржи мастер клас за менаџерите од нашите хотели и ресторани “ КОНЦЕПЦИЈА-ХОТЕЛ-УСПЕХ”.

Галерија
слики од шеф Давид Санџакоски