Авантура

Авантура

Tour the Lake, Respect the Lake

Белото Езеро, за многумина непознато, Охрид и Охридско го носат името од 11 век. Назад во историјата почнувајќи од Антиката, Охрид го носи името Лихнид, додека езерото во записите стои како БЕЛО ЕЗЕРО. Едно и единствено, најголемиот базен во светот со питка вода, најстаро и најдлабоко во Европа, најбогато во светот со ендемски видови од животинско потекло, претставува лулка на еволуцијата и уникатен еколошки систем. 1979 година УНEСКО го става на листата од Светското природно богатство. Дали ќе го почитуваме и ќе го зачуваме, за да се восхитуваат и идните генерации, зависи само од нас.

Возењето со велосипед околу неговото крајбрежје, претставува несекојдневно задоволство и доживување, кое не треба да го прошушти ниеден велосипедист. Континуитет на панорамски поглед наоколу вас, од кои ви застанува здивот и тоа трае и трае во должина од преку 90 километри и времетраење од 5-6 часа. Рекорд на патеката во должина од 97 километри, од првиот професионален натпревар во 2012 година, го има Албанецот Сефа Јулбер со вкупно време од 2:35:15’ . На добро подготвен велосипедист потребни му се околу 4 часа,  додека рекреативна прошетка околу езерото со препуштање на убавините може да трае и до седум часа.

Галерија "Tour the lake, Respect the lake"

Spiridon Adventure

Спиридон е старото име на Галичица, така стои на мапата од 1838 година, кога францускиот Вице Конзул ја цртал картата со околијата на Битолскиот Пашалук. 1958 година прогласен за Национален Парк, од 1979 година истовремено како планински масив околу Охридското Езеро, на листата од Светско природно богатство на УНЕСКО.

Патеката започнува со искачување по асфалт до село Велестово, од тука продолжуваме по колски пат до превој Крстец на висина од 1555 м.н.в. Следи спуст до полето Џафа и продолжуваме низ висорамнините на Дофа, Шарбојца и пауза во планинската куќа Асан Џура, па продолжуваме низ Суво поле. Од лева страна ни се отвара поглед кон Преспанското Езеро, следи кратко искачување по асфалт до превојот Баба, од каде се отвара поглед на целото Езеро. Се спуштаме по асфалтниот пат до изворите на место викано Корита и од тука започнува спуст по единачна патека до Трпејчко поле и Пештани. Од тука велосипедистите ќе имаат можност да изберат по која траса ќе се вратат во Охрид. За поспремните се препорачува да се движат по единачните патеки со искачување до село Елшани и Коњско, па потоа спуст преку село Шипокно, Рача па до Охрид. Физички понеспремните од село Пештани, ќе продолжат по асфалтниот пат да се вратат Охрид. Вкупна должина на планинскиот маратон е 53 км со севкупна елевација од 1953 метри. Авантурата низ планинскиот масив на Спиридон нема да ви одземе повеќе од 6 часа.

Галерија "Spiridon Adventure"

Право на пријавување има секој велосипедист со ентузијастички дух. Се што е потребно да направите е да се пријавите на стрaнава и да се појавите во петок 12.10.2018  во 15:00 часот или во сабота 13.10.2018 во 08:00 часот, пред СУ Хотел во Охрид на Кеј Македонија, за време на пријавувањето.

Велосипедистите кои немаат можност да го донесат својот велосипед, ВК Екодром обезбедува велосипед без никаква надохнада.

Повелете заедно да се дружиме, да го испочитуваме Белото Езеро и да ужуваме во дегустација на кулинарските специјалитети подготвени од реномирани Шефови. Во петок и недела попладне,  дегустацијата е безплатна.